Линкови за пристапност

Украинската армија се повлекла од град под опсада


Украинскиот претседател вели дека повлекувањето од Дебалтсеве било „планирано и организирано“

Украинскиот претседател вели дека најголем дел од силите на неговата влада се повлекле од источниот украински град Дебалтсеве кој беше под опсада на про-руските бунтовници и каде борбите продолжуваат и покрај примирјето.

Киевските сили извеле „планирано и организирано повлекување од Дебалтсеве“, според видео изјава на претседателот Петро Порошенко, кој планира да патува на фронталните линии подоцна денеска да се сретне со војници.

Порошенко кажа дека 80 проценти од украинските единици го напуштиле градот, додавајќи дека и други две бригади се очекува наскоро да се повлечат. И покрај тоа што се нашле под „тешко артилериско бомбардирање“ тој кажа дека 30 трупи биле ранети во операцијата на повлекување.

САД, кои велат дека се` уште размислуваат за снабдување на Киев со оружје да го совлада бунтовништвото, ги обвинува бунтовниците за прекршување на условите за прекин на огнот.

Американскиот потпретседател Џон Бајден го обвини насилството на „сепаратистичките сили кои работат координирано со руските сили“, според соопштение од Белата куќа, во кое исто така се вели дека Бајден и украинскиот претседател Порошенко дискутирале за прашањето по телефон.

„Доколку Русија продолжи да го прекршува договорот од Минск, вклучувајќи го најновиот, потпишан на 12 февруари, цената за Русија ќе расте“, додава соопштението од Белата куќа.

XS
SM
MD
LG