Линкови за пристапност

Во среда се очекува нов студен бран во САД


Ова е најстудено време забележано на источниот дел на државата за последниве 20 години

Стотици илјади луѓе во САД се разбудија без струја и канцелариите на федералната влада во Вашингтон останаа затворени откако нов снег и мраз покри и голем дел од југот на земјата.

Невремето остави до 15 сантиметри снег во главниот град, што беше прв поголем снег сезонава за Вашингтон.

Несреќи на патиштата заради временските услови однесоа најмалку осум жртви, во Тенеси, Вирџинија, Мериленд и Северна Каролина. Полицијата работеше преку ноќта за расчистување на 19-километарски застој на возила на замрзнат пат во Нешвил.

Невремето донесе уште повеќе снег на североисточниот дел на САД. Според Националната метеоролошка служба, источната држава Масачусетс добила 2,54 метри снег оваа сезона.

Додека некои се тресат од студ, други најдоа забава во него. Во Њу Орлеанс каде е најголемата прослава на Марди Гра славениците беа принудени да се облечат со топла облека заради температури на точка на мрзнење.

Во Вашингтон, околу 150 лица се собраа за борба со снежни топки во градски парк.

Според метеоролошките служби студеното време се очекува да трае и наредната недела во источниот дел на САД.

Друг арктички фронт се очекува да го зафати источното крајбрежје во среда навечер со некои од најстудените температури за последните 20 години.

XS
SM
MD
LG