Линкови за пристапност

Ромни нема по трет пат да се кандидира за претседател


Поранешните поддржувачи на Мит Ромни му рекле дека ќе го финансираат поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш

Републиканецот Мит Ромни, кој ја загуби трката за Белата куќа од претседателот Обама во 2012, соопшти дека нема да се кандидира за функцијата во 2016-та.

Поранешниот гувернер на Масачусетс ова го соопшти на аудио снимка до поддржувачите, во петок.

Тој неодамна кажа дека размислува за потенцијална кампања. Но кога побарал поранешните поддржувачи да го финансираат, некои му рекле дека ќе го поддржат поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, брат на претходникот на Обама, Џорџ В. Буш.

Ова ќе беше трет обид на Ромни за претседателска функција, откако тој исто така ја побара номинацијата на неговата партија во 2008-ма.

XS
SM
MD
LG