Линкови за пристапност

Претседателот предлага буџет што ќе стави крај на „бесмисленото штедење“


Обама за време на буџетската криза во 2011-та се согласил на кратења во трошоците што во 2016-та сака да бидат елиминирани.

Белата куќа вели дека претседателот Барак Обама сака да ја прекине „ерата на производствена криза и бесмислено штедење“ во својот предлог-буџет за владата во 2016-та.

Во соопштение од четвртокот, Белата куќа кажа дека Обама, демократ, ќе повика на укинување на автоматските кратења во буџетот на кои се согласил со опозиционите републикански законодавци за време на буџетската криза во 2011-та, кога САД се справуваа со проблемот на опоравување од економскиот застој.

Предлог-буџетот на Обама за 2016-та, треба да биде објавен во понеделник и ќе повика на седумпроцентно зголемување на трошењето – 74 милијарди долари – во споредба со она на кое поделените политички партии претходно се согласија.

Белата куќа кажа дека автоматските кратења на трошоците, познато како „секвестрација“ и` нанеле штета на американската економија и на нејзината армија.

Буџетскиот план за годината што започнува во октомври ќе побара зголемено трошење за напредно производство, изградба на патишта и мостови и фокусирано истражување за лекување на дијабетес и рак. Исто така ќе вклучи повик за мерки наменети за помагање на средната класа на државата, преку давање кредит во даноците за детска грижа, платено боледување и две години финансирање на студентите на јавните колеџи.

Републиканските законодавци веќе кажаа дека се против некои аспекти на планот на Обама уште кога тој ги изложи во годишното обраќање до нацијата пред Конгресот. Тие велат дека предлозите се премногу скапи и ги отфрлија неговите повици за повисоки даноци за богатите даночни обврзници.

XS
SM
MD
LG