Линкови за пристапност

Исламската држава постави нов рок за егзекуција на заложници


На аудио снимка која не е верификувана се вели дека милитантите ќе го убијат јорданскиот пилот доколку не биде ослободена ирачанска терористка.

Аудио порака наводно од јапонски новинар држен како заложник од милитанти на Исламската држава кажа дека јорданскиот пилот, исто така фатен од групата, ќе биде убиен доколку Аман не предаде жена-самоубиствена бомбашка, до залез на сонцето во четврток.

Властите во Јапонија и Јордан се обидуваат да ја верификуваат снимката што тврди дека е гласот на јапонскиот новинар Кенџи Гото.

Во снимка постирана на Интернет доцна во средата, човек кој се идентификува како Гото вели дека друг заложник – јорданскиот пилот Муат ал-Касаесбех – ќе биде убиен „веднаш“ доколку Јордан не ја доведе обвинетата за тероризам Саџида ал-Ришави до турската граница до крајот на денот во четврток.

Јордан во среда кажа дека ќе се согласи на размената на жената за пилотот, но на снимката не се ветува тоа.

Ал-Ришави е Ирачанка осудена за учество во терористички напад во 2005-та во кој се убиени 60 лица во јорданскиот главен град Аман.

Во Токио, портпарол на јапонската влада кажа дека Јапонија ќе стори се` што може за ослободување на Гото, работејќи со нациите во регионот, вклучувјаќи ги Турција, Јордан и Израел.

Заложничката криза еруптираше откако јапонскиот премиер Шинзо Абе, за време на турнеја низ Блискиот исток, соопшти 200 милиони долари невоена помош за државите кои се борат против милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG