Линкови за пристапност

Со вежбање против Паркинсоновата болест


Еден пациент отишол против советите на лекарите за помалку движење и вели дека тоа му го сменило животот, а тој сега менува и животи на други пациенти

Вежбањето може да биде нов рецепт за Паркинсоновата болест, прогресивно пореметување на нервниот систем што влијае на движењето. Повеќе од шест милиони луѓе во светот страдаат од болеста и тие тредиционално се третирани со лекарства и операција. Но, 75-годишниот Гери Собел, кој бил дијагностициран со болеста во неговите рани шеесети години, презел друг приод; наместо да ги следи советите на лекарите да забави, тој се свртел кон вежбање. Тоа го променило неговиот живот и сега тој ги менува живототе на други.

До дното

Паркинсоновата болест се карактеризира со тресење, со мускулна здрвеност и забавени движења, а симптомите со време се влошуваат. Пред четири години, Паркинсоновата болест на Собел толку се влошила, што не можел да стане од кревет без помош.

„Одењето беше проблем зашто ќе се сопнев и ќе паднев“, се сеќава тој. „Влегување и излегување од автомобилот беше проблем. Претстанав да возам зашто рефлексите ми беа премногу бавни. Престанав да верувам во себе“, вели тој.

Собел се занимавал со спорт во неговите рани 60-ти години, трчал маратони. По дијагнозата за болеста во 2008-ма, кога лекарите му советувале да избегнува вежбање за да спречи незгоди, тој престанал да спортува. Исто така од страв за нус-појавите на лековите, тој избегнувал и лекови. И еден ден, рацете му се треселе толку многу што не можел да си го напише името да плати сметка.

„Тој ден го допрев дното. Си реков – ова е страшно – да не можам да напишам чек.“

За да го намали тресењето, тој помислил дека треба барем да се обиде да вежба. Собел започнал со мала доза на лек за Паркинсоновата болест. За да ги зајакне рацете, почнал да стиска вода од мокри пешкири. Помогнало. По шест недели, му се вратила контролата доволно да може повторно да пишува.

Врз база на тој успех, Собел започнал да прави вежби да си ги зацврсти нозете. Земал часови и вежбал со инструктор. Денеска може да пешачи, да вежба и води класови во неговиот град, Болдер, Колорадо, за други со Паркинсонова болест, ширејќи ја пораката за користа од – потењето.

Лекарите се заинтересирале

Успешни приказни како оваа предизвикало внимание во медицинската заедница, вели лекарка од Универзитетот на Колорадо, Хедер Ене, невролог, која специјализирала во пореметување на движењето.

Таа вели дека има комплетно свртување во однос на вежбањето како начин за третирање на Паркинсоновата болест. И, таа додава, ново истражување води кон препорачување за вежбање што е уште поинтензивно, подолготрајно и почесто.

„Тоа не мора да значи запирање на прогресијата на болеста толку што на луѓето нема да им требаат лекови. Но може да помогне во забавување на транзицијата кон состојба на беспомошност. Тоа е дел од она што сакаме да го постигнеме“.

Како дополнение на физичката корист, Ене вели дека класови за вежбање помагаат и за кревање на духот, и даваат поддршка од заедницата – кога овие лица се во друштво на други со Паркинсонова болест и класот го води лице со таа болест.

„Неговиот ентузијазам е заразен, и мислам дека луѓето, тоа што тој го шири, го примаат позитивно“.

Причина за вежбање

За трите години колку што Собел држи часови, тој им помогнал на илјадници луѓе со Паркинсонова болест. Тој вели дека ги поттикнува другите да прават повеќе отколку што мислат дека можат, зашто наградата е слатка.

„Сакам да се изморат“, објаснува тој. „На крајот на денот, кога ќе ги прашам дали се уморни, ако ми кажат дека се – јас сум среќен“, вели тој.

Неговите ученици се среќни исто така. Некои од нив доаѓаат на часови неколку пати во неделата. Еден човек даде три причини зошто вежба: Еден – имам Паркинсонова болест. Два – ми треба вежбање. Три – овде сум за дружењето.

Друг студент кажа – сакам да доаѓам овде зашто се чувствувам подобро кога заминувам од тука.

Собел вели дека сево ова му помага и нему.

„Ова е дегенеративна болест што може да биде грда. Засега ја добивам битката и не знам колку долго ќе биде така, но ќе правам што можам“.

Како дел од тоа правење што може, Собел обучил над 100 инструктори низ САД за неговите методи за водење класови за паркинсонови пациенти, вклучувајќи јога, Таи Чи, танцување и циркуларен тренинг.

XS
SM
MD
LG