Линкови за пристапност

Аналитичарите предвидуваат „трпеливост“ за кревање на каматните стапки


Американската економија расте, но креаторите на политиката стравуваат дека зголемувањето на каматите ќе го успори развојот.

Американската економија напредува, но аналитичарите прогнозираат дека оние кои ја прават политиката во централната банка на САД ќе останат „трпеливи“ во решавањето кога да ја кренат главната каматна стапка за прв пат по 2006-та.

Клучните официјални лица во Федералните резерви во среда го завршуваат дводневниот состанок во Вашингтон и потоа ќе ја дадат својата оценка за американската економија, најголема во светот.

Американската економија напредува, во силен контраст со забавувањето на растежот во Кина, рецесијата во Јапонија и речиси стагнирачка економија во 19-члениот евро-блок.

Американскиот пазар на труд додаде близу три милиони работни места минатата година, туркајќи ја стапката на невработеност на 5.6 проценти, што е близу до долгорочниот просек на државата. Американската економија напреднала за пет проценти од јули до септември, а првата проценка за последните месеци од 2014-та се очекува во петок.

Сепак, оние што ја прават политиката во централната банка остануваат загрижени за слабиот пораст на платите за американските работници и што многу работници со неполно работно време не биле во состојба да најдат вработување со полно работно време, дури и со американското опоравување од длабоката рецесија во 2008-ма.

Во декември, претседателката на Федералните резерви Џенет Јелен сигнализираше дека креаторите на политиката ќе бидат „трпеливи“ во следењето на американската економија пред да решат за кревање на клучната каматна стапка од близу нула, што влијае на ратите кои многу бизниси и конзументи ги плаѓаат на земените кредити.

Повеќето аналитичари велат дека секое зголемување на стапката на федералните резерви е малку веројатно пред средина на 2015-та, а можеби и подоцна, од страв дека зголемувањето на каматните стапки ќе го ослабне опоравувањето. Паѓањето на цените на нафтата во светот резултираше во намалување на цената на бензинот за моторизираните, оставајќи ги конзументите со повеќе пари кои можат да ги потрошат на друго место.

XS
SM
MD
LG