Линкови за пристапност

Во Македонија политичките права опаднале


Фридом Хаус вели дека демократските слободи во светот се на историско ниско ниво

Меѓународната група за права и слободи Фридом Хаус во среда кажа дека перспективата за меѓународен систем изграден на демократски идеали сега е под поголема закана отколку во кое било време изминатиот четвртина век.

Фридом Хаус во годишниот извештај објавен во среда кажа дека состојбата на демократијата во 2014 била „исклучително мрачна“.

Иако останува во категоријата делумно слободни држави, во Македонија, според групата, политичките права опаднале од 3 на 4 заради сериозни недоследности на априлските општи избори и бојкотот на опозицијата во легислативното тело поврзано со изборите.

Друго опаѓање во Европа е забележано во Унгарија, каде легислативата е правена за да одговара на владеачката партија што се покажало на изборите, вели групата, а потоа се Турција, која застранила во демократските норми со претседателот, а сега премиер Реџеп Тајип Ердоган и Босна и Херцеговина, која исто како Македонија паднала од 3 на 4. Косово, од друга страна ја подобрило својата позиција - од 5 на 4.

Сирија во извештајот е рангирана најниско. Но, во целина, групата регистрирала повеќе ослабувања отколку добивки во демократските слободи во светот.

Фридом Хаус кажа дека еден забележлив исклучок е Тунис, кој во 2014 станал првата арапска држава што постигнала статус на „слободна“ по завршувањето на либанската граѓанска војна пред четири години.

„Загрижувачки број“ на економски сили и регионално влијателни нации се лизнале назад во нивните демократски стандарди, според извештајот. Опасностите по слободата на изразување се вели дека дошле од шпионирањето на владата, ограничувања на Интернетот и задушување на слободите да се донесуваат индивидуални одлуки, за нешта како образование, вработување и патување. Русија, Венецуела, Египет, Турција, Тајланд, Нигерија, Кенија, Азербејџан и Унгарија се меѓу државите каде е нотирано такво опаѓање.

Уште позагрижувачко, според Фридом Хаус, е е поексплицитното отфрлање на демократските стандарди, како што е руската инвазија во Украина, „вклучувајќи го и директното заземање и формално присоединување на Крим“, што го истакнува како „примарен пример“.

Проценката на Фридом Хаус е направена на 195 држави, од кои 89 или 46 проценти се означени како слободни, 55 држави или 28 проценти како делумно слободни и 51 држава или 26 проценти - неслободни.

XS
SM
MD
LG