Линкови за пристапност

Куса посета од длабочината на вселената


Астероид ќе прелета близу до земјата и ќе остане видлив неколку часа

Астрономите и вселенските ентузијасти ќе имаат ретка можност да проучуваат посетител од длабочината на вселената, кога ќе прелета покрај Земјата во понеделник навечер. Астероидот наречен 2004 БЛ86 ќе помине близу до нас, но сепак на безбедна далечина од околу три пати од растојанието до месечината.

Се претпоставува дека БЛ86 е половина километар во пречник, така што ќе биде доволно светол да биде виден со телескоп употребен од аматерски астрономи и дури и со голем двоглед.

Најдобри места за посматрање ќе бидат Северна Америка, Европа, Јужна Америка и Африка. Астероидот ќе може да се следи неколку часа како се движи на десно кон планетата Јупитер.

БЛ86 е еден од 551 познати астероиди со потенцијал да удрат во нашата планета некое време во иднина, но астрономите велат дека тоа нема да се случи во 2017-та.

XS
SM
MD
LG