Портпарол на Белата куќа вели дека Тајната служба открила направа за која се верува дека е мало беспилотно летало, на територија на Белата куќа.
Џош Ернест на новинарите кои патуваат со претседателот и првата дама во Њу Делхи им кажа дека направата не изгледа дека претставува натамошна закана за кого било во Белата куќа.
Тој не кажа каде точно била најдена направата и рече дека Тајната служба ќе даде повеќе информации кога ќе бидат достапни.
Не беше веднаш јасно дали двете ќерки на Обама биле дома во тоа време.
Инцидентот предизвика властите да го ограничат пристапот до комплексот на Белата куќа.