Линкови за пристапност

Кери претстави широк анти-екстремистички план

Пред лидерите на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, Кери повика на „холистички“ приод спрема насилничкиот екстремизам.

Американскиот државен секретар Џон Кери изложи далекусежна и долгорочна стратегија за спротивставување на насилничкиот екстремизам.

Зборувајќи пред лидерите на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, во петок, Кери повика на „холистички“ приод што вклучува одговорно управување, како и економско, политичко и образовно зазасилување за сите.

Највисокиот американски дипломат ги нагласи напорите на меѓународната коалиција што се бори со милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија. Но тој додаде дека борбата е поголема од само онаа армијата против Исламската држава.

Кери кажа дека во наредните недели, светот мора да работи да ја зајакне безбедноста и стабилноста во Јемен, Северна Африка, Сомалија и Нигерија, соопштувајќи дека тој ќе оди во Нигерија наредните денови.

Тој кажа дека борбата против насилничкиот екстремизам нема на крајот да биде решена на бојното поле, туку во училниците и религиозните центри, како и со креирање нашироко споделен просперитет.

Кери посочи на самитот следниот месец во Вашингтон, чиј домаќин ќе биде претседателот Обама, како форум за натамошно градење на заедничка стратегија.

This item is part of
XS
SM
MD
LG