Истече рокот по барањето на милитантите од Исламската држава Јапонија да плати 200 милиони долари откупнина за ослободување на двајца јапонски државјани.
Нема информација за судбината на двајцата.
Порано во петок, мајката на еден од двајцата заложници ја поттикна јапонската влада да им плати на џихадистите откупнина за да биде поштеден нејзиниот син.
Исламските милитанти во вторникот на видео снимка рекоа дека ќе ги убијат двајцата доколку Јапонија не ја плати сумата во рок од 72 часа, поврзувајќи ја заканата со она што го нарекоа јапонска поддршка за напорите во борба против групата.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе порано неделава кажа дека неговата држава е во трка со времето.