Линкови за пристапност

Саудискиот крал Абдула почина на 90 години


Само неколку часа пред тоа бил именуван неговиот полубрат, принцот Салман, да го наследи на престолот.

Саудиска Арабија во петок ќе го погребе Кралот Абдула, само неколку часа по потегот за обезбедување на лесна транзиција именувајќи го новиот крал и крунисан принц да ги смири стравувањата за нестабилност на династијата во време на регионални немири.

Кралот Абдула, долго време сојузник на САД во борбата против тероризмот и исламистичкиот екстремизам, почина во петок.

Се верува дека тој имал 90 години и дека бил болен долго време.

Неговиот полубрат, Салман, го наследи на функцијата.

Новиот крал во говор на националната телевизија во петок вети дека ќе ја продолжи политиката на својот претходник. Кралот Салман, за кого се верува дека има 79 години, бил крунисан принц и министер за одбрана од 2012-та.

Кралот Салман во петок го именува неговиот син, Мохамед бин Салман, за нов министер за одбрана и шеф на кралската свита. Новиот крал исто така вели дека ќе задржи најголем дел од другите министри.

Полубратот на кралот, Могрен, е именуван за нов крунисан принц.

Американскиот претседател Барак Обама го понуди своето лично сочувство и сочувство од името на американскиот народ на саудискиот народ и кралското семејство. Обама кажа дека кралот секогаш бил искрен и дека храбро ги носел своите убедувања, вклучувајќи го и американско-саудискиот однос, како сила за безбедност и стабилност.

Кралот Абдула официјално дојде на престолот во 2006-та. Но тој фактички владееше од 1995-та кога неговиот претходник и полубрат, Кралот Фауд, претрпел мозочен удар што го онеспособил да ја врши функцијата.

XS
SM
MD
LG