Линкови за пристапност

Абе: Јапонија е „во трка со времето“


Премиерот кажа дека државата прави напори за ослободување на заложниците од милитантите на ИД

Јапонскиот премиер Шинзо Абе вели дека неговата држава е во „трка со времето“ за ослободување на двајцата заложници кои се држени од групата Исламска држава за откупнина од 200 милиони долари.

Абе на новинарите во среда во Токио им кажа дека ги инструирал официјалните лица да користат секов можен дипломатски канал за ослободување на Кенџи Гото и Харуна Јукава.

Милитантите на Исламската држава објавија видео во вторникот во кој велат дека ќе ги убијат лицата ако Јапонија не ги плати парите о рок од 7 часа, поврзувајќи ја заканата до тоа што го нарекуваат дека е поддршка на Јапонија за напорите на борба против групата.

Премиерот во среда кажа дека Јапонија „никогаш нема да попушти пред тероризмот“. Тој вети 200 милиони долари во невоена помош за оние држави кои се засегнати од сунитските екстремисти.

Јапонија не е меѓу државите кои директно учествуваат во коалицијата против бунтовниците во во Сирија и Ирак.

Сепак, јапонски граѓани претходно беа убиени од исламистички милитанти, а најпознат случај беше напад на централа за гас во 2013-та каде умреа десетмина Јапонци.

XS
SM
MD
LG