Линкови за пристапност

САД го одбележуваат Денот на Мартин Лутер Кинг


Кинг инспирираше милиони со прославенот говор „Имам сон“ за време на Маршот на Вашингтон во 1963.

Американците во цела држава го слават федералниот празник за одбележување на роденденот на убиениот лидер за граѓански права Мартин Лутер Кинг.

Кинг за прв пат се издигна во јавност во 1955 кога успешен бојкот на јавни автобуси во јужниот град Монтгомери, во Алабама, го принуди градот да ја прекине практиката на сегрегирање на црни патници. Тој стана централна фигура на Движењето за граѓански права во 1950-те и '60-те, инспирирајќи милиони со неговиот прославен говор „Имам сон“ за време на Маршот на Вашингтон во 1963.

Тој доби Нобелова награда за мир во 1964, истата година кога Законот за граѓански права беше потпишан од претседателот Линдон Џонсон.

Врз Кинг беше извршен атентат на 4-ти април, во Мемфис, Тенеси, каде патувал да им помогне на црните работници кои собирале отпад кои барале еднаква плата.

Празникот бил креиран во 1983 кога претседателот Роналд Реган го потпишал законот со кој е определен третиот понеделник во јануари да биде празник во чест на Кинг, кој бил роден на 5-ти јануари 1929. Конгресот го назначил празникот како национален ден на јавна служба во 1994, потег со цел да ги охрабри Американците да учествуваат во проекти на локалните заедници.

Во чест на Д-р Кинг, кабловската телевизија МТВ во понеделник емитува црно-бела програма 12 часа за да ги охрабри гледачите да имаат конверзација со нивните пријатели и семејството за расата. Програмата без боја е прва во 34-годишната историја на каналот со младешка ориентација.

Програмата на МТВ во понеделник ќе вклучи мислења за расата од забавувачи и јавни претставници.

XS
SM
MD
LG