Линкови за пристапност

Обама и Камерон со заеднички став против теророт


На заедничка прес-конференција во Белата куќа, лидерите ветија единствен фронт против насилниот екстремизам, на денот кога Европа презеде голема антитерористичка акција

САД и Британија порачаа дека ќе соработуваат за да спречат напади од страна на исламските радикалисти и ќе се спротистават на насилниот екстремизам, додека полицијата ширум Европа уапси десетици лица осомничени за тероризам.

Претседателот Барак Обама по средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека САД и натаму несомнено стојат рамо до рамо со Франција и со сите партнери кога станува збор за заканата од тероризам. Тој исто така подвлече дека САД ќе и` помогнат на Франција да бара правда за минатонеделните терористички напади.

Британскиот премиер истакна дека и САД и Британија се соочуваат со закани по националаната безбедност од, како што кажаа, „луѓето кои сакаат да ни наштетат“. Камерон додаде дека исламските екстремисти чија цел се напади врз Запдот се следбеници на „отровна и фанатична идеологија“.

Денеска се уапсени 20-тина лица во Белгија, Франција, Германија и Ирска, во рамки на продолжителната потрага по осомничените терористи.

Во околината на Париз, полицијата уапси 12 лица со наводни врски со напаѓачите кои минатата недела усмртија 17 лица.

Во Белгија, властите уапсија 13 лица во серија рации ширум земјата, велејќи дека осомничените лица се верува дека се дел на исламска група што планирала напади врз припадници на полицијата.

XS
SM
MD
LG