Медиумските извештаи велат дека најмалку две вооружени лица отвориле оган од автоматско оружје, пушки Калашникови и ракетофрлач, внатре во зградата каде се сместени канцелариите на весникот, и потоа избегале во две различни возила.
Извештаите велат дека некои членови на редакцијата се засолниле на покривот на зградата.
Францускиот претседател Франсоа Оланд на новинарите им рекол дека нападот е „без сомнение“ терористички напад. Тој се упатил на местото на настанот.
Во 2011, канцелариите на весникот биле нападнати со огнени бомби по објавувањето на изданието што претставило карикатура на Пророкот Мухамед на насловната страница.