Линкови за пристапност

Почина Марио Куомо


Марио Куомо со синот Ендрју

Трикратен гувернер на Њујорк и татко на сегашниот гувернер Ендрју Куомо

На 82-годишна возраст почина Марио Куомо, поранешен гувернер на сојузната држава Њујорк којшто мина три мандати на оваа функција. Тој е татко на сегашниот гувернер Ендрју Куомо.

Куомо беше либерален демократ. Тој никогаш не се кандидира за претседателските избори, и покрај тоа што на двапати се сметаше за еден од фаворитите во неговата партија.

Куомо планираше да учествува во втората инаугурација на неговиот син четвртокот, но беше спречен од здравствени причини. Остави белег на њујоршката политичка сцена како гувернер од 1983-та па се` до 1994-та, а стана познат ширум нацијата со способноста да го вткае скромниот почеток на личната животна приказна со гласните повици за социјална правда. Роден е на 15-ти јуни 1932-та, а пораснал во малата продавница на неговите родители во Квинс.

Куомо и неговата сопруга Матилда имаат три ќерки и два сина. Ендрју беше правобранител на Њујорк пред да стане гувернер. Другиот негов син, Крис, е водител во ЦНН. Ќерката Марија е мажена за дизајнерот Кенет Кол.

XS
SM
MD
LG