Линкови за пристапност

Зголемена минималната плата за некои во САД


Во дваесет од 50 сојузни држави влегоа во сила закони со кои минималната плата се зголемува во просек за 50 центи на час.

Околу 2,4 милиони работници со ниски примања во САД на првиот ден од годината добија зголемување на платата со влегување во сила на законите за новата минимална плата.

Во САД, минималната плата е 7,25 долари на час, што се преведува во годишна плата од 15.080 долари.

Но, 20 од 50-те сојузни држави и главниот град Вашингтон усвоија нови закони последниве месеци за зголемување на минималната плата над националниот просек, на околу осум долари на час, или 16.640 годишно.

Зголемувањето на платата се очекува да вбризга околу 1,5 милијарди долари годишно во растечката економија на САД, најголема во светот, бидејќи работниците со ниски примања обично трошат најголем дел нивните примања.

Американскиот претседател Барак Обама минатата година побара минимална плата од 10,10 долари на час, но наиде на силна опозиција од републиканските противници во Конгресот и предлогот не помина.

XS
SM
MD
LG