Руски суд го прогласи за виновен политичкиот активист Алексеј Навални за измама на француска козметичка компанија за најмалку 500.000 долари.
Судот на 38-годишниот адвокат и блогер му одреди суспендирана казна затвор од 3,5 години, што е далеку помала казна од она што ја бараа обвинителите,10 години.Се верува дека казната е начин да се смири неговиот активизам.
Навални беше во домашен притвор од февруари за учество во недозволен протест.
Тој беше лидер на масовните демонстрации против претседателот Владимир Путин во 2011 и 2012 година.