Линкови за пристапност

Откриени тела во потрагата по авионот


Ер Азија потврди дека се работи за исчезнатиот авион од неделата, на половина пат од Сурабаја до Сингапур.

Индонезиски официјални лица открија најмалку 40 тела во морето во близина на местото каде се урнал патничкиот авион на Ер Азија во невреме од неделата.

Локалната телевизија во вторник покажа спасувачки хеликоптери како извлекуваат тела од Морето Џава, на околу 160 километри од брегот на островот Борнео.

На телата немало спасувачки елеци.

До вечерта, спасувачите преземале само околу четвртина од патниците. Ниту еден од нив и од екипажот на авионот не е најден жив.

Телата биле лоцирани кусо време по откривањето на остатоците на авионот, вклучувајќи нешто што изгледало како спасувачки елек, патнички торби и црвено-бела врата за користење во вонредни ситуации.

Потрагата од воздух исто така открила, како што се опишува, „сенка“ под површината на водата, која се верува дека е главното тело на авионот Ербас А320-200.

Во соопштение доцна во вторникот, Ер Азија потврди дека остатоците се од исчезнатиот авион во неделата, на околу половина од она што требало да биде кус, двочасовен лет од индонезискиот град Сурабаја до Сингапур.

XS
SM
MD
LG