Линкови за пристапност

Исчезнатиот авион најверојатно е на дното на морето


Индонезискиот шеф на потрагата по авионот на Ер Азија со 162 патника, верува дека авионот се урнал во морето Џава.

Раководителот на Индонезиската спасувачка агенција пред новинарите во Џакарта изјави дека до сега познатите информации сугерираат дека исчезнатиот авион на Ер Азија со 162 патника, е на дното на морето.

Потрагата по авионот продолжи и во понеделник, додека семејствата и пријателите на патниците очекуваат каков било знак на надеж.

Меѓународната заедница е исто така активна во напорите за лоцирање на авионот, употребувајќи бродови, авиони и хелихоптери. Досега неколку земји понудија да помогнат, вклучувајќи ги и САД. Засега не се пронајдени никакви траги, иако имало извештаи дека биле забележани делови што наликувале на авионот Ербас 320.

Летот Ку-З 8501 бил на половина пат од Сарабаја во Индонезија и Сингапур, кога во неделата наутро исчезнал од радарите.

Познато е дека пилотот побарал дозвола од контролорите на летање да се подигне за околу 1.800 метри за да избегне невреме. Претставник на индонезиското Министерство за сообраќај соопшти дека барањето било одбиено бидејќи друг авион веќе се наоѓал во таа област. Веднаш потоа, комуникацијата била во прекин.

XS
SM
MD
LG