Линкови за пристапност

Контроверзниот филм почна да се прикажува во САД


Се очекува „Интервју“ да се појави во стотици театри низ државата.

Комедијата „Интервју“ дебитираше во американските кино сали во четвртокот, една недела откако Сони го повлече од прикажување во САД заради закани од насилство.

Еден од актерите во филмот, Сет Роган, и ко-режисерот Еван Голдберг се појавија на полноќното прикажување на филмот во Лос Анџелес и им се заблагодарија на посетителите за нивната поддршка.

Стотици кино сали се очекува да го следат примерот и во текот на денот да почнат да го прикажуваат филмот за двајца новинари кои ЦИА ги врбува да извршат атентат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Северна Кореја го осуди филмот и Сони ја откажа премиерата по масивен кибернетски напад на нивната корпоративна мрежа и закани од насилство против театрите.

Американскиот претседател Барак Обама и поборниците за слобода на говорот кажа дека Сони направил грешка со откажувањето на првичното прикажување.

XS
SM
MD
LG