Во чекор што може да ги зголеми донациите на крв во САД, федералните власти соопштија дека ја ублажуваат неколкудецении старата мерка со која се забранува хомосексуалните и бисексуалните мажи да донираат крв. Чекорот може да ги зголеми залихите на крв од околу два до четири проценти.
Забраната за ваков вид донации на крв беше воведена во 1983-та година, кога почнаа да се појавуваат први случаи на лица заразени од ХИВ-вирусот. Во тоа време, не постоеше рутински тест за да се одреди дали донираната крв навистина со содржела вирусот што предизвикува СИДА.
Сепак, Администрацијата за храна и лекови одлучи да задржи поумерена забрана, со која се забрануваат донации на крв од мажи кои имале сексуални односи со други мажи изминатата година.
Постои слична, ограничена забрана и во други европски држави, вклучувајќи ја Велика Британија.