Линкови за пристапност

Обама ја пофали одлуката на Сони да го прикажува филмот „Интервју“


Сони ја преиначи претходната одлука, соопштувајќи дека филмот на 25-ти декември ќе го има во десетици кино-сали.

Американскиот претседател Барак Обама ја поздравува одлуката на Сони Пикчерс да го објави контроверзниот филм за атентат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Сони минатата недела го повлече „Интервју“ откако нивните компјутери беа провалени од хакери кои се заканија со повеќе штета доколку филмот биде објавен како што било планирано. САД ја обвинија Северна Кореја за кибернетскиот напад.

Во среда Сони ја преиначи одлуката за откажување на прикажувањето на филмот, соопштувајќи дека филмот „ќе има ограничено театарско прикажување“, и на 25-ти декември ќе го има во десетици кино-сали.

Во соопштението, портпаролот на Белата куќа Ерик Шулц кажа дека претседателот го поздравува потегот, за кој кажа дека „им дозволува на луѓето самите да решат за филмот“.

Претседателот Обама кажа дека Сони направи грешка со повлекувањето на филмот велејќи дека тоа ризикува да постави преседан во кој „диктаторите ќе почнат да поставуваат цензура“ во САД.

Администрацијата на Обама вети одговор на кибернетскиот напад на Сони, но официјални лица не потврдуваат ниту негираат дали САД се одмаздиле со предизвикување прекин на Интернетот неделава.

XS
SM
MD
LG