Линкови за пристапност

Обама го именува Аштон Картер за нов шеф на Пентагон


Се верува дека Картер има двопартиска поддршка во Вашингтон, што ќе значи лесно потврдување од Конгресот за местото на Чак Хегел, кој даде оставка.

Американскиот претседател Барак Овама го именува поранешниот заменик шеф на Пентагон, Аштон Картер, за следниот секретар за одбрана.

Претседателот Обама изборот го објави во петок во Белата куќа.

Картер, физичар и експерт за високо-технолошко оружје, служеше како заменик секретар за одбрана од 2011 до 2013. Во таа улога, тој беше врвниот купувач за оружје во Пентагон.

За Картер се верува дека има двопартиска поддршка во Вашингтон. Доколку биде потврден од Конгресот, тој ќе го замени Чак Хегел, кој даде оставка под притисок минатиот месец по само две години на функцијата.

Претставници на Белата куќа јавно негираа дека Хегел бил принуден на оставка, но други официјални лица кажаа неофицијално, дека тоа е случај.

XS
SM
MD
LG