Линкови за пристапност

Ал Каида во Јемен се заканува на американски заложник


Барањата на милитантите не се специфицирани во постираното видео.

Ал Каида на Арапскиот Полуостров се закани дека ќе убие американски заложник доколку американската влада не одговори на неспецифицирани барања во рок од неколку дена.

Во видео постирано во четврток, лице кое се претставува како Лук Самерс вели дека е уверен оти неговиот живот е во опасност. „Барам секаква помош што можам да ја добијам, што ќе може да ме извади од оваа ситуација“, кажа тој.

Американски државјанин со британско потекло, 33-годишниот Самерс бил киднапиран од вооружени лица во Саана пред повеќе од една година. Тој неколку години работел како фоторепортер во Јемен.

Пентагон вели дека Самерс бил еден од заложниците кои тие се надевале да ги спасат во заедничка мисија со јеменските сили кон крајот на минатиот месец. Осуммина заложници биле ослободени во акција во источен Јемен. Самерс се верува дека бил преместен кусо време пред операцијата.

На снимката милитант ги предупредува САД да не преземаат „никаква глупава акција“.

Оваа група е една од најактивните гранки на ал-Каида, и нивни милитанти презеле голем број напади против Запад, вклучувајќи и неуспешен напад на авион на пат за САД.

XS
SM
MD
LG