Линкови за пристапност

Фридом Хаус вели дека слободата на Интернет опаѓа во светот


Нов извештај покажува дека се` поголем број на нации цензорираат делови на Интернет и усвојуваат закони кои дозволуваат поголем надзор на она што луѓето го велат онлајн.

Фридом Хаус во четврток го објави извештајот насловен „Слобода на Интернет 2014“—годишно истражување на 65 влади и нивна политика што се однесува на филтрирање или цензорирање на содржини постирани онлајн. Извештајот исто така истражува кои видови на електронско набљудување тие изведуваат и како тие може да ги казнуваат граѓаните со чија активност на Интернет тие не се согласуваат.

Лора Рид, истражувачки аналитичар на Фридом Хаус и ко-автор на извештајот кажа дека најдраматично опаѓање има во Русија, Турција и Украина. Таа додаде дека Иран, Сирија и Кина се рангирани како најлоши оваа година исто како и во претходните извештаи.

Од 65 истражувани нации, 36 покажале опаѓање во однос на слободата на Интернет споредено со претходната година, додека само 12 покажале напредок во однос на слободата на Интернет.

Меѓу државите кои напреднале во оваа област се Бурма, Тунис, Куба и Индија. Иран Iисто така е рангиран маргинално послободен заради малото олеснување на цензурираниот материјал, и покрај заклучоците на авторите дека Иран на глобално ниво останува еден од најголемите прекршувачи на слободното изразување на корисниците и нивната приватност.

Меѓу нациите кои се означени како помалку слободни од порано се вклучени хроничните прекршувачи на правата, како Саудиска Арабија, Зимбабве и Виетнам, но и САД, каде авторите на извештајот посочуваат на мали зголемувања во „ограничувањата на содржината“ и „прекршување на корисничките права“.

XS
SM
MD
LG