Северна Кореја, Авганистан и неколку источноафрикански нации повторно се рангирани меѓу државите кои се сметани за најкорумпирани, според годишниот извештај од групата за подобро управување Транспаренси интернешенал.
“Индексот за перцепција на корумпираноста“ рангира 175 држави на скала од нула до сто, покажувајќи „корумпираност“ и „чисто“.
Сомалија е последна, а веднаш до неа се Судан и Јужен Суден. Последните пет места заедно со нив ги споделуваат Северна Кореја и Авганистан. Овие држави имаат малку закони за борба против корупцијата, а оние што ги има се одвај спроведувани.
Скандинавските држави и Нов Зеланд дојдоа на врвот на листата за 2014-та. Трета година по ред, Данска е именувана за број еден „чиста“ држава. Овие држави имаат строги закони и регулатива за транспарентност, и на владата и во трговијата.
Брегот на слонова коска, Египет, Јордан и Мали се меѓу државите кои направиле значителен напредок во рангирањето. Но, Кина,Турција и Ангола се меѓу оние кои забележале пад.
Од земјите во регионот, Хрватска е на 61-тo место, Бугарија е на 69-тото место, Црна Гора на 76-тo, Србија на 78-тo, a Албанија и Косово на 110-то место од 175 рангирани држави.