Линкови за пристапност

Либан ги привел сопругата и детето на водачот на Исламската држава


Либанскиот весник Ас-Сафир извести дека армијата ги привела двете лица „во координација со странските разузнавачки агенции“.

Безбедносни претставници велат дека либанската армија ги привела сопругата и детето на лидерот на групата Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, пред десетина дена.

Официјални лица кажаа во вторникот дека жената и детето биле задржани и испрашувани во либанското Министерство за одбрана, откако биле приведени пред околу 10 дена во близина на границата со Сирија.

Либанскиот весник Ас-Сафир извести дека армијата ги привела двете лица „во координација со странските разузнавачки агенции“.

Багдади ја води групата Исламска држава од 2010, и порано оваа година прогласи „калифат“ во источна Сирија и северен Ирак, каде милитантите зазеле големи територии. САД го означија како глобален терорист и за него понудија награда од 10 милиони долари.

Американскиот државен секретар Џон Кери се подготвува во среда да води средба на министерско ниво во Брисел, каде 60 коалициони партнери ќе дискутираат за политичките напори во борбата против групата Исламска држава.

XS
SM
MD
LG