Линкови за пристапност

Обама бара повеќе телесни камери на полицајците по нередите во Фергусон


Предлог на претседателот е 260 милиони долари да се наменат за ова и за подобра обука на полицијата

Американскиот претседател Барак Обама бара повеќе од 260 милиони долари федерални пари да бидат наменети за полицискитете сили низ земјата како одговор на инцидентот во Фергусон, Мисури.

Претседателот Обама кажа дека со тие пари ќе можат да се обезбедат 50.000 телесни камери за полицијата што полицајците ќе ги носат да снимаат интеракции со цивили. Тој кажа дека парите исто така ќе бидат искористени да се подобри обуката на полицајците, по смртоносното застрелување годинава на црн тинејџер во Фергусон.

Претседателот исто така соопшти дека ќе формира работна група да проучи како би можело да се подобри полициската работа.

Обама ги соопшти предлозите по средбата со неговиот Кабинет, лидери за граѓански права и претставници на одржувачите на ред и мир, во понеделникот во Белата куќа.

Протестите продолжија во Фергусон по одлуката од минатата недела на големата порота белиот полицаец што го застрела црниот тинејџер да не биде обвинет.

XS
SM
MD
LG