Линкови за пристапност

ОПЕК го задржува нивото на производство на нафта


На таквата вест од Виена, цените на сировата нафта дополнително паднаа

Глобалниот нафтен картел ОПЕК реши да го одржи сегашното ниво на производство, и покрај заситеноста на пазарот што доведе до паѓање на цените за повеќе од 30 проценти од јуни наваму.

На веста за таа одлука од средбата на 12-члената организација на државите-извезувачи на нафта во Виена, цената брентовата сирова нафта падна за дополнителни четири долари, на најниско ниво за последните четири години, на 73 долари за барел.

Оваа средба на ОПЕК нашироко се сметаше за една од најкруцијалните последниве години, и дојде во време кога напредува производството на нафта од шкрилци во САД. Прогнозерите велат дека во САД вадењето нафта од шкрилци ќе произведе дополнителни еден милион барели дневно оваа година, и ќе додаде уште милион барели дневно во 2015-та.

Со сегашното производство на ОПЕК од 30 милиони барели дневно, аналитичарите велат дека напливот во американското производство изгледа особено непријатно за картелот, без знаци дека ОПЕК има стратегијата да направи нешто за презаситеноста.

XS
SM
MD
LG