Линкови за пристапност

„Црн петок“ во САД – почеток на божиќната сезона за трговците


Трговците почнуваат нов тренд - да нудат распродажби за „црн петок“ еден ден порано

Во САД пристигна големиот ден за шопинг познат како „црн петок“.

Денот по празникот Ден на благодарноста традиционално е почеток на божиќната сезоната на шопинг, привлекувајќи толпи луѓе кои сакаат да ги искористат големите распродажби.

Но, нов тренд одзема дел од фасцинацијата со „црниот петок“ – термин што посочува на црното салдо што го очекуваат трговците генерирајќи профит за годината.

Трговците нудат распродажби за „црн петок“ еден ден порано – на денот на празникот – и тој концепт го прифаќаат многумина кои сакаат добри зделки.

Додека ниските цени мотивираат некои Американци да потрошат дел од нивниот празник во продавници, други велат дека уживаат во релативната смиреност споредено со „црниот петок“.

Некои трговци зависат од божиќната празнична продажба да постигнат голем дел од нивниот проектиран профит за годината.

XS
SM
MD
LG