Линкови за пристапност

Нападнат дипломатскиот кварт во Кабул


Петмина лица загинале во напад чија цел бил автомобил на Британската амбасада, за што Талибан ја презел одговорноста.

Голема експлозија го потресла централниот дистрикт во авганистанскиот главен град доцна во четврток, по престрелка со огнено оружје во областа каде се сместени повеќе амбасади и други странски објекти.

Новинарите од местото на настанот јавуваат дека нападот продолжува.

Нема извештаи за жртви во последниот напад, што уследи по самоубиствен напад по автомобил-бомба порано во денот.Тој напад уби најмалку пет лица во автомобил од Британската амбасада. Еден од мртвите бил британски државјанин.

Авганистански официјални лица кажаа дека првиот напад од четвртокот ранил 33 други лица, сите Авганистанци.

Талибан ја презел одговорноста за нападот со автомобил-бомба велејќи дека целта биле „странски сили кои вршеле инвазија“.

Авганистанскиот главен град е погоден од бран напади во последно време. Поголем дел од странските борбени сили кои ја поддржуваат авганистанската влада се подготвуваат да ја напуштат државата следниот месец.

Порано неделава, експлозија на бомба во Кабул уби двајца американски војници.

XS
SM
MD
LG