Линкови за пристапност

Иранскиот врховен лидер го поддржува продолжувањето на нуклеарните разговори


Ајатолахот Али Каменеи вели дека САД имат најмногу да изгубат ако преговорите пропаднат

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Каменеи, вели дека го поддржува потегот да се продолжат иранските нуклеарни разговори, но вели дека САД имат најмногу да изгубат ако преговорите пропаднат.

Во говор на државната телевизија во четврток, Каменеи кажа дека не се противи на седуммесечното продолжување од иста причина заради која не се противел на досегашните разговори.

Во понеделникот, Иран и групата на светски сили се согласија да ги продолжат разговорите до 30 јуни следната година. Продолжението доаѓа откако двете страни не успеаа да постигнат договор до понеделникот за да обезбедат дека иранската атомска програма е мирољубива, во замена за олеснување на санкциите кои нанесоа штета на економијата на државата.

Каменеи првично одговори на продолжението со зборовите дека САД и „европските колонијалистички сили“ не успеале во нивните напори да го донесат Иран „на колена“ за време на нуклеарните преговори.

САД и нивните сојузници се сомневаат дека Иран работи кон развивање на нуклеарно оружје. Но Иран инсистира дека нивната атомска програма е само за мирољубиви цели и цивилна намена како медицинско истражување и генерирање струја.

XS
SM
MD
LG