Американската влада соопшти нови правила што бараат синџирите на ресторани и кино сали низ државата да постираат информација за бројот на калории на нивните менија.
Наредба од Администрацијата за храна и лекови вели дека сите објекти кои продаваат подготвена храна и имаат повеќе од 20 локации, мора да имаат информација за бројот на калории во нивната храна и пијалоци, објавена видливо на нивните менија, табли и други места. Компаниите имаат една година да се прилагодат на барањето.
Администрацијата вели дека Американците конзумираат една третина од нивните калории надвор од дома.
Многу здравствени експерти веруваат дека се` поголемите оброци и нездрави состојки биле значителен фактор за прекумерната тежина во САД.