Линкови за пристапност

Саудијците на дискусии за намалената цена на нафтата


Нема индикации дека Саудиска Арабија ќе го промени ставот против намалувањето на производството.

Најголемиот светски производител на нафта, Саудиска Арабија, се среќава со други клучни произведувачи на разговори за тоа дали намалувањето на производството е начин да се запре големото опаѓање на светските цени на нафтата.

Министрот за нафта на Саудиска Арабија, Али ал-Наими, во вторник во Виена се сретна со клучни енергетски претставници од Венецуела, Русија и Мексико пред средбата во четврток на Организацијата на земјите извезувачи на нафта. Но нема индикација дека Саудијците ќе ја променат позицијата против намалување на производството.

Картелот од 12-држави ОПЕК, вклучувајќи ги и Саудиска Арабија и Венецуела, снабдува околу третина од светската нафта, додека Русија и Мексико, кои не се членки на ОПЕК, се клучни производители.

Некои држави вршат притисок на Ријад да го намали производството во поддршка на глобалните цени на нафтата кои паднаа 30 проценти од јуни, на под 80 долари за барел.

Тоа ги намали цените на бензинот и ги намали трошоците за енергија на бизнисите. Но државите производители на нафта зависат од приходот од повисока цена на сирова нафта и се се` позагрижени за нејзиното опаѓање.

Аналитичарите велат дека паѓањето на цените било предизвикано од презаситеноста со нафта на светскиот пазар, послабата побарувачка за нафта во несигурна економија и зголеменото производство на нафта од шкрилци во САД, сега најголем производител во светот.

XS
SM
MD
LG