Линкови за пристапност

Ден на ветераните во САД


Брус Спрингстин, Ријана и Металика се меѓу ѕвездите кои ќе настапат на големиот концерт во главниот град

Големиот концерт во Вашингтон е меѓу многуте настани што се планирани низ целата држава за одбележување на празникот.

Околу 800.000 луѓе се очекува да се соберат на Националното шеталиште пред Конгресот за „Концертот за храбрите“, каде ќе настапат многу звучни имиња како рок-легендата Брус Спрингстин, ритам и блуз пејачката Ријана, кантри ѕвездата Кери Андервуд и хеви-метал групата Металика.

Организаторите се надеваат дека концертот ќе ја крене свеста за организациите што им помагаат на ветераните откако ќе ја напуштат активната служба.

Денот на ветераните за прв пат беше одбележан во САД во 1919-та како Ден на примирјето, славејќи го формалниот договор потпишан во Версај, Франција, на 11-ти ноември 1918-та, со кој беше ставен крај на Првата светска војна, „војната за крај на сите војни“, меѓу Германија, и сојузниците Британија, Франција и САД.

Денот на примирјето стана официјален државен празник во САД во 1938-ма, и остана со тоа име до 1954-та кога беше преименуван во Ден на ветераните по Втората светска војна и Корејската војна.

Американскиот Ден на ветераните исто така коинцидира со други празници од ерата на Првата светска војна во светот, вклучувајќи го Денот на сеќавањето во Британија и комонвелтските држави на Австралија и Канада.

XS
SM
MD
LG