Линкови за пристапност

Почести и пари за научниците на Наградата за научен пробив


Секое од доделените 12 признанија носи по три милиони долари

Математичари, физичари и астрономи од разни делови на светот се меѓу добитниците на втората Годишна награда за научен пробив, доделена вчера во Сан Франциско.

На гала-вечерта во неофицијалниот главен град на американската технолошка индустрија, позната како Силиконска долина, беа доделени вкупно 12 признанија. Меѓу добитниците се два тима на астрономи коишто открија дека ширењето на Вселената забрзува, наместо да забавува.

Пет математичари ја поделија наградата во нивната област, додека шест научници ја поделија наградата за природни науки, за трудови на теми како што се регулација на гените и бактериски имунитет.

Секоја од наградите вреди три милиони долари.

Основачи на Наградата за научен пробив се рускиот милијардер Јуриј Милнер, соосновачот на Гугл Сергеј Брин, Џек Ма и Кети Жанг од кинеската Интернет страницата за трговија на мало Алибаба и основачот на Фејсбук Марк Цукерберг. Според Интернет-страницата на Наградата, целта е таа ги слави научниците и да поттикне интерес за изборот на науката како професија.

XS
SM
MD
LG