Линкови за пристапност

Рубиковата коцка конечно во Галеријата на славните играчки


Примена заедно со зелените пластични војници и супереластичните пластични меурчиња „Баблс“

Рубиковата коцка, зелените пластични војници и супереластичните пластични меурчиња познати како „Баблс“ обезбедија бесмртност – од четвртокот станаа дел на Американската национална галерија на славни играчки.

Најстарата од овие трите, зелените пластични војници, за првпат се појави во 1930-те и имаше осцијалиции во популарноста, се` до филмот „Приказна за играчките“ што повторно ја издигна до статус на играчка којашто - мора да се има.

Рубиковата коцка, што во 1974-та ја креираше унгарскиот професор по архитектура Ерно Рубик, беше многу популарна во 1980-те, со 100 милиони примероци продадени во САД, а 350 милиони низ целиот свет.

„Баблс“, пак, е модерна верзија на меурчињата од сапун, но потрајни, што им овозможуваа на децата да ги дуваат во различни големини и да ги соединуваат, создавајќи различни форми. Оригиналните меурчиња содржеа токсични супстанции, па беа повлечени од продажба, но се` уште може да се најдат побезбедни верзии.

Новите играчки во Галеријата на славните ги изгласа 24-члена комисија составена од колекционери, дизајнери и психолози. Дел од условите се играчката да има голема популарност или статус на „икона“ и да ја одржи популарноста низ повеќе генерации

XS
SM
MD
LG