Линкови за пристапност

Невработеноста во САД падна на шестгодишен минимум од 5.8 %


Американската економија создава нови работни места 56 месеци по ред

Стапката на невработеност во САД во октомври паднала на шестгодишен минимум од 5,8%. Според извештајот што во петокот го објави владиниот Оддел за труд, во истиот период биле отворени и 214.000 нови работни места.

Владини експерти велат дека новите вработувања најмногу се должат на индустријата за храна, малопродажбата, здравствената заштита, деловните услуги и градежништвото.

Извештајот покажува дека економијата создава нови работни места 56 месеци по ред. Но, иако пазарот на труд се подобрува, девет милиони луѓе се` уште се невработени, а дополнителни седум милиони, коишто би сакале да бидат вработени со полно работно време, можат да најдат само хонорарна работа.

XS
SM
MD
LG