Линкови за пристапност

Украина прекинува со финансирање на Донецк и Луханс


Премиерот рече дека ова ќе биде во сила се` додека териториите се под контрола на „терористи“.

Украина во среда соопшти дека ќе го запре владиното финансирање на источните региони контролирани од сепаратисти поддржани од Русија.

Премиерот Арсениј Јацењук изјави дека прекинот ќе важи се` додека териториите на Донецк и Луханск се под контрола на „терористи“.

Јацењук, кој ова го кажа на состанок на Кабинетот, изјави дека владата, сепак, ќе продолжи со снабдување на гас и електрична енергија за областа.

Самопрогласените отцепени региони во неделата одржаа избори за поголема автономија од владата во Киев. Засега само Русија ги призна изборите, а САД и ОН рекоа дека се нелегитимни и потези кои не помагаат за решавање на кризата.

Двомесечното примирје едвај се одржува во областите од каде има информации за повремени судири меѓу украинските војници и сепаратистичките сили.

Доцна во вторникот, украинскиот претседател Петро Порошенко нареди распоредување на дополнителни војници во јужните и источните градови, со цел да одврати секаква можна офанзива на про-руските сепаратисти.

(јб/лк)

XS
SM
MD
LG