Русија во вторник соопшти дека ќе ги признае резултатите од претстојните избори во два сепаратистички региони во источна Украина.
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека гласањето на 2-ри ноември е важно за „легитимизирање на власта“ во непризнаените „Народни републики“ Донецк и Луханск.
Иако остатокот од Украина излезе на избори во неделата, близу три милиони гласачи не можеа да гласаат во источниот дел од земјата, каде повеќемесмесечните борби меѓу украинските владини сили и проруските бунтовници оставија над 3.700 мртви.
Лидерите на бунтовниците во Украина во понеделникот кажаа дека ќе изведат сопствени избори.
Американскиот претседател Барак Обама рече дека САД нема да ги признаат изборите во областите под контрола на сепаратистите освен ако не се во согласност со укранските закони и бидат одржани со согласност на украинската влада.