Полицијата приведе девет лица, бизнисмени и поранешни функционери во министерството за одбрана под сомневање за злоупотреба во договорите за сервисирање на хелокоптерите на АЕМ при што, како што се наведува од полицијата, проневерени биле 135 милиони денари.
Според МВР, во периодот 2004–2009 криминалот го направиле преку фирмите: „Дрвомак“ од Бугарија, „Хаел техносервисис“ од Ливерпул, „Деликатес“ од Кипар, „Студио Д“ од Кочани, „Деликатес ДОО“ од Кочани, „Специална опрема“ од Скопје и „Сувенир Самаков АД“ од Македонски Брод, која моментално е под стечај.
Повеќето од уапсените се бизнисмени, но приведен е и поранешен шеф на Секторот за логистика при Минстерството за одбрана под сомневање вклученост во аферата за резервните тенковски делови за која е осуден поранешиот министер за одбрана Владо Бучковски.
Уапсените бизнисмени биле посредници при сервисирање на армиските хеликоптери во Украина. Тројца од нив биле и во роднинаска врска. Меѓу уапсените се поранешниот директор на фабриката за оружје Сувенир од Самоков како и сопстевикот на фирмата Специјална опрема–Скопје.
Министерството за одбрана во интерес на истрагата нема да дава натамошни коментари.