Линкови за пристапност

СЗО: Нигерија веќе нема ебола


Минатата недела беше соопштено дека и Сенегал нема пријавено нови случаи.

Светската здравствена организација вели дека Нигерија е ослободена од еболата по 42 дена без нови случаи.

Претставникот на СЗО Руи Гама во понеделник кажа дека развојот е „спекракуларна успешна приказна“.

Нигерија имаше 20 случаи на Ебола и осум смртни случаи како дел од досега најлошата епидемија на вирусот.

Минатата недела СЗО објави дека Сенегал е без ебола.

Во меѓувреме, либериската претседателка Елен Џонсон Сирлиф го свртува вниманието на потребата од долгорочна инвестиција во инфраструктурата на здравствената грижа да се спречи повторување на епидемијата што уби над 4.500 лица.

Во весникот Вашингтон Пост претседателката Сирлиф вели дека меѓународната реакција била бавна, дозволувајќи ширење на еболата на начин што го претоварило здравствениот систем на дражавата.

XS
SM
MD
LG