Линкови за пристапност

Претседателот на САД ќе свика итна средба за еболата


Соопштението дојде по веста дека вториот инфициран летал со авион во рамки на САД еден ден пред да развие симптоми.

Американскиот претседател Барак Обама ги откажа плановите за патување и објави одржување на итна средба на кабинетот за еболата во Белата куќа.

Соопштението дојде кусо време откако се прошири веста дека вториот здравствен работник инфициран со вирусот летал со авион во рамки на САД еден ден пред да развие симптоми.

Во соопштение од средата, американските Центри за контрола и превенција на болести кажа дека медицинското лице летало со Фронтиер Ерлајнс од Кливленд, Охајо до Далас-Форт Ворт, аеродромот во Тексас на 13 октомври.

Агенцијата и авиокомпанијата велат дека ги контактирале сите 132 патника што биле на летот 1143.

Членовите на екипажот кои биле на летот велат дека медицинското лице, идентификувано од членови на семејството како медицинска сестра Амбер Винсон, не покажала симптоми на летот.

Претседателката на националниот синдикат на медицински сестри Розен ДеМоро, кажа дека извештаоте велат дека болницата во Далас немала соодветни протоколи за третирање на пациент со ебола. Таа кажа дека групата медицински сестри од болницата ја контактирале со поплаки дека во случајот на Данкан не било постапено со должна безбедност.

Тие поплаки биле пренесени до Центрите за контрола и превенција на болести во Атланта. Од таму нема коментар по најновите информации.

Најмалку уште 75 други медицински лица внимателно се следат, зашто може да биле во контакт Данкан. Други 48 лица изложени на Данкан пред да биде хоспитализиран го минале периодот на најголем ризик и се смета дека тие сега е малку веројатно да развијат ебола.

XS
SM
MD
LG