Линкови за пристапност

Реакции од Брисел за Извештајот за напредок на Македонија


Забелешките за државата изнесени во документот биле очекувани

„Она што го соопшти комесарот Штефан Филе е аларм дека состојбите мора да се менуваат за ЕК да не дојде во позиција да мора да ја одземе препораката“, изјави портпаролот на ЕК, Петар Стано. Тој нагласи дека со Извештајот е упатена и порака до земјите членки да преземат што е во нивна надлежност за да се спречи назадување на Македонија.

Со ваквата констатација се согласува и Корина Стратулат од Европскиот центар за политика. Таа смета дека Извештајот укажува на очигледно назадување во реформските процеси на Македонија, што може реално да ја загрози нејзината европска перспектива доколку не бидат преземани мерки за интензивирање на реформите.

Во Европскиот парламент не се изненадени од остриот тон на Извештајот во однос на Македонија.

„Ова е за мене очекувано бидејќи е последен Извештај на комесарот Филе. Тој очекуваше во неговиот мандат со отварањето на европски перспективи да се помогне да се надминат проблемите“, вели Тонино Пицула пратеник од Европските социјалисти.

Михаел Гахлер од Европската народна партија чија членка е и владачката ВМРО-ДПМНЕ изјави дека е „очигледно дека ЕК има забелешки. Ќе видиме со нашите партери во Скопје за што станува збор и ние би сакале да им помогнеме за да се надминат тие проблеми“.

XS
SM
MD
LG