Линкови за пристапност

Доделена Нобеловата награда за литература


Добитник е францускиот писател Патрик Модиано

Францускиот новелист Патрик Модиано ја доби Нобеловата награда за литература за 2014-та за неговото истражување на нацистичката окупација и нејзините ефекти на неговата држава.

Во Стокхолм, Шведската академија во четврток кажа дека му дава 1,1 милион долари награда на 69-годишниот Модиано „за уметноста на меморијата која евоцирала невозможно да се замислат човечки судбини“ со разоткривањето на животот под германска контрола.

Модиано бил роден во предградие на Париз во јули 1945, два месеци по крајот на Втората светска војна во Европа. Татко му бил од еврејско-италијанско потекло и ја сретнал неговата мајка – белгиска актерка за време на окупацијата на Париз.

Еврејскиот елемент, нацистичката окупација и губењето на идентитетот се редовни теми во неговите романи. Еден од неговите трудови од 1968-ма „La Place de l'Etoile,“ во Германија се смета за важна литература од времето по Холокаустот.

Модиано станува 107-ми лауреат по литература, и 11-ти победник од Франција. Тој се придружува на други популарни писатели како Џон Стаинбек, Вилијам Фокнер и Пабло Неруда.

XS
SM
MD
LG