Линкови за пристапност

Препорака од Брисел, но и нота на загриженост


Македонија ја доби шестата по ред препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Македонија ја доби шестата по ред препорака за почеток на преговори.

„Македонија е во ќор сокак и доколку не се посвети резолутно на процесот на реформи би можела да ја изгуби својата европска перспектива“, предупреди денеска во Брисел комесарот за проширување Штефан Филе. Тој повика на итен рефромски процес во сферата на судство и слободата на медиумите, како и ангажман на владата и опозицијата за деблокирање на полтичкиот дијалог.

Со оглед на кумулативниот прогрес што земјата го направи, Комисијата смета дека политичките критериуми и понатаму се доволно исполнети и ја задржува препораката за отворање преговори за членство но жали што се направени чекори наназад во текот на изминатата година. Комисијата бара од властите да преземат одлучна акција за да се решат зголемената политизација и растечките недостатоци во независноста на судството и слободата на изразувањето на начин кој ќе дозволи препораката да остане одржлива и во идните години“, се вели во Извештајот.

Потоа извештајот додава дека процесот на пристапување на Македонија е во ќор-сокак и дека Советот на ЕУ се уште не ги отворил преговорите за членство. Но, „истовремено потрфлањето на Владата во исполнувањето на бројни клучни проблеми и ја наруши одржливоста на реформите и` донесе назадување во некои области“.

ЕК изразува загриженост и за состојбата со институциите.

„Довербата во државните институции постепено се губи. Расте загриженоста за селективната правда. Состојбата на слободата на медиумите продолжува да се влошува“, се наведува во Извештајот.

На прес конференцијата Филе изјави дека за да се подобри слободата на медиумите битен предуслов е да постои и политички дијалог преку кои би се надиминале и проблемите во слободата на изразувањето.

„ЕК искажува сериозна загриженост поради тоа што во текот на минатата година расте политизацијата на државните институции, контролата на владата кон медиумите а и изборите. Неодамнешната политичка криза помешу владата и опозицијата покажува дека партиските интереси се се поважни и националниот интерес. Тоа е одговорност и на владата и на опозицијата кои треба да обезбедат политичката дебата пред се да се одвива во парламентот и да придонесат да се создадат услови за негово добро функционирање“, вели заклучокот за состојбата во нашата земја.

Откако заклучува дека и власта и опозицијата треба да имаат политички дијалог, Брисел додава дека „Владата треба да и` обезбеди на опозицијата можност целосно да ја исполнат својата демократска контролна функција. А опозицијата исто така треба да конструктивно да влезе во демократскиот процес“.

ЕК не е среќна поради начинот на кој се одвиваат меѓуетничките односи во земјата.

„Во однос на меѓуетничката ситуација, поголема доверба треба да се гради помеѓу заедниците. Ревизијата на Охридскиот рамковен договор треба да биде комплетирана а нејзините препораки исполнети“.

За спорот со името Брисел смета дека треба да се преземат „одлучни чекори за да се реши проблемот со името со Грција“.

XS
SM
MD
LG