Линкови за пристапност

Американски конгресмени во посета на Македонија


Груевски и Попоски ги примија и разговараа со гостите од САД

Премиерот Никола Груевски денес ги прими членовите на делегацијата на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, преводена од конгресменот од Охајо, Мајк Тарнер, а во која се и Лорета Санчез и Пол Кук.

На средбата позитивно биле оценети односите меѓу Македонија и САД и била потенцирана позитивната соработка меѓу двете држави, во сите сфери од заемен интерес, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво. Исто така, била истакната важноста на евроатланскиот интегративен процес за Македонија, а соговорниците размениле и ставови за теми од регионален карактер. И македонскиот премиер и американските конгресмени кои се во работна посета на Македонија, ги истакнале заложбите за натамошно продлабочување и унапредување на односите меѓу Македонија и САД.

„Реформите (во Македонија – н.з.) се преземаат со цел унапредување на можностите во сите општествени сфери и посветеноста за унапредување на стандардите и надминување на предизвиците кои се од интерес за интеграциите на нашата земја“, истакна премиерот Груевски, а членовите на американскиот Конгрес го акцентирале позитивниот придонес што македонските мировници од АРМ го имаат преку НАТО мисиите,

И македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски се сретна со членовите на делегација од Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Според соопштението на МНР, на средбата биле поздравени билатералните односи меѓу Македонија и САД, кои ги карактеризира стратешко партнерство, отворен дијалог и пријателство, а се разговарало и за актуелните случувања во регионот на Југоисточна Европа и за меѓународните напори во борбата против растечките закани од тероризмот и насилниот екстремизам во светски рамки.

XS
SM
MD
LG